Уште еден SUV-новитет на Volkswagen
Првично наменет за јужноамериканските пазари, Volkswagen Nivus идната година ќе се најде и во Европа
Објавено на 19 април 2020 година
Веќе некое време е познат дека Volkswagen ќе ја збогати својата гама со уште еден мал SUV-модел, овојпат во купе изведба. Беше најавен при крајот на летото лани како New Urban Coupe, за потоа да биде соопштено дека ќе биде пласиран на пазарот под името Nivus. Сега пак од Volkswagen известија дека е подготвен за лансирање во јуни, најпрво само на јужноамериканските пазари. Развиен е во Бразил на MQB платформата и ќе има еднолитарски TSi мотор со 128 KS, спарен со мануелен или автоматски менувач, но без погон на сите четири тркала. Освен дека ќе има багажник од 415 литри, прецизните димензии не му се објавени. Место тоа акцентот е ставен на опременоста која е солидна, а не е заборавено да се спомене и дека има голем извозен потенцијал, што преведено значи дека идната година ќе се најде и на европскиот пазар.



