SSC Tuatara, после девет години чекање
Објавено на 10 февруари 2020 година
Да беше друг ќе го опсипеа со дрвја и камења, но на SSC, поранешен Shelby SuperCars, Американците му честитаа на претставувањето на серискиот суперболид Tuatara, девет години после појавувањето на концептот. Причина можеби се 1.750-те коњски сили кои неговиот 5,9 литарски твин-турбо V8 кој троши етанол Е85 ги испорачува, можеби 483-те километри на час што ги постигнува, а можеби и нема причина. Како и да е, вреди да го погледнеме.
Видео


