Новата Opel Corsa претставена во Македонија

Новата Opel Corsa претставена во Македонија

Објавено на 20 декември 2019 година

Best Buy автомобилот на 2020 година, новата Opel Corsa, пристигна во Македонија. Ја дочекаа љубителите на марката кои имаа можност да се запознаат со адутите со кои таа ја освои AutoBest титулата. А нив ги има многу, посебно оние задолжени за безбедноста. Се издвојуваат системите за предупредување за судир со автоматско сопирање при итни случаи и детектирање на пешаците, интелигентната контрола на брзината, предупредување за менување од лента, препознавање на сообраќајните знаци и други. Вистински белег се прилагодливите IntelliLux LED матрикс светла, кои Opel за прв пат ги нуди во сегментот на мали автомобили. За динамиката и економичноста е задолжена широка палета бензински и дизел мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, а севкупниот впечаток го заокружува осумстепениот автоматски менувач. Corsa од идната година ќе биде достапна и во електричната верзија, која ќе има автономија од 337 километри. Со неа таа како и сите претходни генерации ги потврдува напорите на инженерите на Opel да се понуди практичен автомобил ориентиран кон иднината, и тоа по доста атрактивна цена – 12.920 евра во Македонија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER