Новата, четврта генерација Sorento ги подига границите на Kia!
Објавено на 28 септември 2020 година
Големите спортско-корисни возила секогаш биле интересни за пазарот од другата страна на Атлантикот. Затоа Kia посветуваше големо внимание за настапот во Америка. Сосема природно е што потполно новиот Sorento ќе дебитира токму таму, па потоа ќе се нуди на останатите континенти. Со новиот дизајн се крева стандардот што овој производ си го зададе самиот на себе. Силните детаљи привлекуваат внимание на робусната каросерија и откриваат дека е ставен апостроф на изработката и технологијата. Предниот дел го краси големата маска на ладилникот врамена со јасни LED светла додека мускулозниот и атлетски профил го истакнува карактерот на Sorento. Задниот дел сега делува стројно поради тенките, вертикално поставени стоп светла. Големата каросерија која во САД се квалификува во компактната класа стои на тркала од 17 до 20 инчи а во внатрешноста нуди простор за седум патници. Доколку купувачите сакаат вториот ред седишта може да го нарачаат со две фотељи па седумседот да го претворат во комотна средина за шест патници. Секако дека кабината може да биде обложена со кожа со метални или дрвени украсни лајсни. Она што не се забележува на прв поглед е за 3,5 сантиметри зголеменото меѓуоскино растојание, намалената вкупна тежина за 52 килограми како и зголемената цврстина за 4%. Овие остварувања ја зголемуваат динамиката, управливоста и економичноста. За американскиот пазар понудата се сведува на два бензински мотори со хибридни и турбо засилувања па спектарот на силата се движи од 191 до 281 КС. Во зависност од моторизацијата на располагање се погон на предните или сите тркала преку осум степена автоматика. Продажбата на новиот Kia Sorento во САД започнува идниот месец, а во Европа би требало да дебитира околу средината на идната година. Повеќе од извесно е дека ќе бидат во игра бензински мотори со плаг-ин и класичен хибриден погон додека судбината на дизелите е неизвесна.
Видео