Range Rover Velar – комплетиран

Освежен и електрифициран

Неполни три години по претставувањето Velar доби хибриден погон и нови линијски ”шестаци”

објавено 25 септември 2020


Периодите на освежување и дополнување стануваат се пократки. Пример за тоа е Velar кој во име на новиот плаг-ин хибриден погон како и новите линијски шест цилиндерски мотори беше подвргнат на лесни дизајнерски зафати проследени со нов инфо-забавен систем. Тоа би било сижето на прикаската околу моделот кој е позициониран помеѓу Evoque и Sport, но повеќе влече накај овој вториот. Ознаката Р400е се однесува на новиот плаг-ин хибрид. Техничката спецификација открива дека се работи за синергија помеѓу четири цилиндерски турбо бензинец кој развива 300 коњи и и електро-мотор силен 105 kW. Оваа комбинација дава 404 КС и 640 Nm, импресивен спринт до стотка за 5,4 секунди и потрошувачка од само 2,2 литри бензин додека батеријата од 17,1 kWh има струја. Нејзиниот капацитет е доволен за поминување на околу 53 километри. Јон-литиумската батерија е сместена испод багажниот простор и може да се наполни до 80% од капацитетот за половина час со брз полнач додека на стандарден домашен приклучок потребни се 100 минути. Во освежениот Velar се вградуваат новите линијски шест цилиндерски мотори од семејството Ingenium. Ги има два бензински со 340 и 400 коњи и еден дизел со 300 КС. Тие се достапни со 48 волтен умерен хибриден систем (MHEV) кој ја намалува потрошувачката на гориво. Со него емисијата на издувни гасови кај дизелскиот мотор ја задуволува нормата Euro 6d. Оваа прилика е искористена за лансирање на најновиот инфо-забавен систем на марката Pivi и Pivi Pro дизајнирани да се лесни за употреба со намалување на бројот на интеракции.

Престојот во кабината сега е уште по смирувачки благодарение на интелигентната технологија која ги намалува надворешните шумови. Active Road Noise Cancellation делува како пар слушалки кои константно ги надгледуваат вибрациите од патот и ја анализираат бучавата. Потоа го калкулираат интензитетот на спротивната фаза на звучните бранови со кои се отклонува бучавата. На овој начин се добива намалување на бучавата од четири децибели што допринесува на комфорот. Исто така, овој напреден систем го намалува заморот на возачот на долги патувања кој се јавува поради звуци со ниска фрекфенција. Velar изобилува со решенија достојни за премиум марката која ја претставува. Тој сега е дотеран да има комотна позиција во однос на конкуренцијата преку оплеменетата технологија и моторизација.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER