Прво па машко
2021 за Ford ќе биде година на електричен бум
Објавено на 29 септември 2020 година
Проширувањето на понудата со електрични изведби Ford ја прави на необичен начин, барем кога е во прашање Европа. Неодамна е најавено дека електричниот Mustang Mach-E GT ќе дебитира на стариот континент кон крајот на 2021 година. Можеби се прашувате што е тука необично? Синиот овал има многу модели од сите класи и одлуката да дебитира на пазарот на електрични автомобили со производ што има 465 коњи и забрзува до стотка за 3,7 секунди укажува дека директно ја напаѓа Tesla. За таков чекор Ford прави адекватни подготовки кои ќе му го расчистат теренот на ”дивото коњче”. Купувачите кои ќе го нарачаат Ford Mustang Mach-E GT до крајот на годинава ќе добијат бесплатен пет годишен интегриран пристап до полначи за струја ширум Европа. FordPass Charging Network во овој момент има пристап до 155.000 станици за полење. На ова се надополнува и бесплатното користење во траење од една година на межа станици за брзо полнење. Ionity мрежата располага со 270 брзи полначи, а до крајот на идната година нивната бројка ќе биде 400. Оваквиот пристап во голема мерка ќе влијае во афирмацијата на продажбата на овој електричен автомобил кој најавува стратегија која ќе ги опфати и буџетските модели на куќата. Mustang Mach-E GT има два електро-мотори кои независно ја пренесуваат силата на секоја оска.
Двата испорачуваат 465 коњи и 830 Nm што овозможува максимални 200 км/ч. Струјата се складира во батерија од 88 kWh доволна да ги храни моторите 500 километри. На моќната GT верзија ќе се приклучи стандардниот Mustang Mach-E кој ќе има забрзување до 100 км/ч за 5,1 секунда и автономија до 540 километри. Ford најавува дека до крајот на идната година на пазарот ќе има 17 електрифицирани модели во разни верзии, од умерени и плаг-ин хибриди па до потполно електрични возила.
Видео