Новиот Volkswagen Arteon » Што може да очекуваме?

Што може да очекуваме?

Три недели пред планираната премиера, VW ги објави првите детали за новиот Arteon

Објавено на 3 јуни 2020 година

Откако престана да го произведува големиот Phaeton, Volkswagen не може да се смири. Појавувањето на Arteon во 2017-тата беше само благ обид интерно да се задоволат страстите, што се покажа недоволно. Затоа и сега со неговото обновување со кое Германците го поместија чекор понапред кон сосема нов модел, се очекува да се приближат до зацртаните но неостварени амбиции. Така, новиот Arteon кој треба да биде презентиран на јавноста за точно три недели е предвиден да доаѓа и во провокативна за пазарот Shooting Brake изведба. Иако во основа овој модел е купе изведба на Passat со четири врати, што значи за класа или класа ипол пониско од Phaeton, додадената вредност, повеќе на имиџот а на радост на купувачите помалку на цената, ќе го направи поинтересен за сите нив. За тоа ќе придонесат елегантните линии и големиот багажен простор, кои покрај чувството дека возите спортски автомобил ќе го направат и практичен. Според овие официјални скици од дизајн одделението на Volkswagen може да процениме дека идниот Arteon ќе има нови предни и задни светла и малку поедноставена маска. Во кабината сигурно ќе биде дополнет со најновите инфо-забавни системи со можност за секаква конекција, а опременоста ќе се збогати за неколку безбедносни асистенти. Меѓу нив треба да биде и оној кој овозможува полуавтономно возење до брзини од 130 km/h. Палетата мотори која не е тешко да се предвиди ќе биде предводена со дволитарскиот агрегат од Golf R со 333 KS. Можеби може да се очекува и трилитарски твин-турбо VR6 со 400 коњи, но тој ќе биде проблематичен за спојување со DSG трансмисијата и 4Motion погонот на сите тркала. Како и да е, недоумиците околу сето ова ќе бидат разјаснети за некои дваесеттина дена.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER