Заради коронавирусот кинескиот пазар на автомобили колабираше

Заради коронавирусот кинескиот пазар на автомобили колабираше

Објавено на 1 март 2020 година

Вирусот кој уби илјадници луѓе го ничкоса кинескиот пазар на автомобили – продажбата во јануари таму забележа пад од 22, а во првата половина од февруари дури 92 отсто. Тоа значи дека во земјата која има скоро милијарда ипол жители дневно во просек се продавале по едвај 1.600 возила. Оваа недела се очекуваат податоците и за целиот февруари, кои воопшто не се оптимистички и се движат некаде околу 70 проценти во минус. Заради коронавирусот во Кина се затворени бројни авто-салони, а не работат и одреден број погони за производство на возила и делови. Загрозена е и целата автомобилската индустрија во светот бидејќи зависи од компоненти произведени во Кина, главно за аудио системите. Најлошото сепак е што нема прогнози за тоа кога ситуацијата колку-толку ќе се смири. Сосема е јасно дека ова ќе зададе силен удар на автомобилските производители кои некој период веќе се мачат со профитабилноста заради зголемените трошоци за развој и строгите еколошки прописи. Ќе биде загрозена и динамиката на лансирањето електрични возила бидејќи огромен дел од батериите за нив доаѓаат токму од Кина.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER