Детроит откажан, Париз се преиспитува
Објавено на 31 март 2020 година
За два дена пристигнаа две вести кои го доведуваат во прашање опстанокот на големите салони на автомобили. Првата е од Детроит, чии организатори решија дека во оваа состојба е илузорно да се размислува тој да се одржи. Посебно затоа што Кобо центарот ќе биде пренаменет во полска болница. Втората е од Париз и во неа без многу детали се вели дека есенскиот салон на автомобилите нема да се одржи во сегашниот формат. Тој официјално не е откажан, туку само се преиспитува начинот на кој (можеби) ќе се одржи. Северноамериканскиот салон на автомобилите беше закажан за јуни, а парискиот за октомври. Претходно одложен од април за крајот на летото беше и салонот во Њујорк, а Женева откажана неколку дена пред нејзиниот почеток.


