Ќе порасне ли цената на нафтата?

Top News Занимливости

Ќе порасне ли цената на нафтата?

За светската економија прениската цена на нафтата ќе има исти последици како и коронавирусот

Објавено на 11 април 2020 година

Со непосредна интервенција на Трамп, Русија и Саудиска Арабија се договорија. На повидок е закопување на секирите што ќе резултира со најголемото намалување на производството на сурова нафта во историјата – за 10 милиони барели дневно. Но дали тоа навистина ќе ја стабилизира (читај: покачи) нејзината цена? Аналитичарите велат дека тоа не е доволно, туку дека е само прв и неопходен чекор. Дека е така сведочи и млаката реакција на берзите, каде цената на нафтата продолжи да паѓа. Тие исто така предупредуваат дека ако остане овој тренд и цената на нафтата падне под 20 долари за барел, штетите по светската економија ќе бидат исто толку лоши како и последиците од коронавирусот, кој всушност е и причината за намалената побарувачка која ја собори нејзината цена. Во моментот сите го очекуваат понеделник и берзанските вести што тој ќе ги донесе. Оптимизам постои, но воздржан бидејќи моменталната цена на барел нафта е нешто под 23 долари. Најниската пак беше на крајот на март и изнесуваше точно 20 долари, додека пред еден месец се тргуваше за 32 долари.