Франкфурт 2019: Кинези, ама овие од Кина

Кинези, ама овие од Кина

Објавено на 14 септември 2019 година

Производителот на кинеските претседателски лимузини Hongqi се враќа во автомобилскиот свет, во голем стил и со големи амбиции. Колку големи, доказ е и тоа што го ангажираа поранешниот дизајнер на Rolls-Royce Xил Тејлор. Затоа и не е коинциденција што електричниот SUV-концепт E115 личи на Cullinan. Кинезите за него велат дека ќе има електрична автономија од 600 километри, дека ќе забрза до 100 km/h за помалку од 4 секунди и дека ќе биде опремен со систем за автономно возење од 4 ниво. Деталите за електричните мотори и батериите, како и плановите за производство, не ги објавија.

Вистинското изненадување сепак е хиперавтомобилот S9, за кој посебно истакнаа дека не е само концепт – тој со своите 1.400 коњски сили ќе се најде во производство во 2021 година. Моторот му е хибриден V8 турбо, а каросеријата од јагленородни влакна. Спектакуларниот дизајн е засилен со вратите кои се отвораат нанагоре. Кинезите велат дека ќе постигнува 400 km/h и дека ќе забрзува до 100 km/h за само 1,9 секунди. Иако цената ја држат во тајност, во Франкфурт се појавија гласини дека ќе достигне 2 милиони евра. Во план е производство на само 70 примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER