Утре е денот » Mustang станува електричен SUV (сo видео)

Top News Новитети Поглед во иднината

Mustang станува електричен SUV

Во пресрет на салонот на автомобилите во Лос Анџелес, Ford ни најави дека Mustang ќе се трансформира во електричен SUV

Објавено на 18 ноември 2019 година

Јасно, со ознака Mach-E новиот модел на Ford ќе биде повеќе од електричен Mustang. Настрана неговата автономија од 600 km, тој во целост ќе го реинтегрира името што го носи во нашето сфаќање за автомобилите. Посебно она американското, бидејќи кокетира со SUV карактеристиките кон кои Ford во последно време сé повеќе се ориентира. На среќа, тоа не значи и гаснење на класичното купе, туку станува збор само за ширење на понудата и искористување на познатото име, кое во овој случај целосно ќе биде Mustang Mach-E. А тој, според Ford, ќе биде достапен во две верзии, со батерии од 98,8 и 75,7 kWh. Освен тоа, ќе има погон на задните или на сите тркала, но во различни изведби со 337 или 465 KS, која до стотка забрзува за помалку од 5 секунди.

Можеби за некој е значајно и тоа што Mustang Mach-E ќе има два багажника, класичен назад со 402 литри и дополнителен од 100 литри под предната хауба, опремен и со одвод на вода. Во внатрешноста се среќаваат два екрани, еден за дигиталната инструмент табла, а вториот сместен над централната конзола со големина од 15,5 инчи, со помош на кој се подесуваат сите поставки на  возилото.

Новиот Ford Mustang Mach-E на европскиот пазар доаѓа при крајот на идната година, со цени кои сé уште не се познати. За информација, во Америка се очекува да чини околу 44.000 долари.

Видео

клучни зборови: ,