Што и да е, вози со 250 km/h!
Објавено на 21 ноември 2019 година
Иако тракторот е сестрана работна машина со повеќекратна намена, никој не ни помислува да го вози брзо. Добро, скоро никој, бидејќи има и такви како инженерите на JCB кои со помош на Williams каде се погрижија за аеродинамиката, направија вистински болид. Во буквална смисла на зборот, бидејќи со него постигнаа дури 247,5 km/h, и тоа за проба дали сé е во ред да тргнат во соборување на сопствениот гинисов рекорд. Наречен Fastrac Two овој трактор е направен е на основа на JCB-8000 серијата, која стандардно постигнува 70 km/h. Има 7,2 литарски дизел мотор со 1.016 KS и тежи пет тони.
Видео