Супериорноста на Aston Martin
Aston Martin го направи првиот свој мотоцикл во историјата кој изгледа фантастично
Објавено на 7 ноември 2019 година
Да, и тоа се случи – после градбата на луксузни апартмани на Флорида, стигна уште едно изненадување од Aston Martin. Овој пат тоа е на две тркала и се вика AMB 001, ознака зад која се крие првиот мотоцикл во историјата на славната марка од Гајдон. Всушност не ни мора да се крие бидејќи е вистинско ремек-дело во секој поглед. Во развојот на овој фасцинантен мотоцикл Aston Martin се здружи со уште една британска легенда, пред пар години реинкарнираната компанија Brough Superior. Обете марки имаат доста заедничко, но додека Aston Martin отсекогаш се поврзуваше со филмскиот лик на Џејмс Бонд, во Brough Superior беше заљубен Т. Е. Лоренс, оној вистинскиот, попознат како Лоренс од Арабија.
Тој имал седум мотоцикли од оваа марка, бројка која сигурно би се зголемила на осум бидејќи овој достојно ги носи двете славни логоа. Го задвижува V-твин турбо мотор со зафатнина од еден литар кој испорачува 180 коњски сили. Иста цифра стои и во графата за тежина во техничките податоци, а според вообичаената практика во светот на две тркала перформансите не се објавуваат. Но тоа и не е битно бидејќи сигурно се здивоодземачки, исто како и дизајнот. Течно обликуваниот мотоцикл не ја крие тркачката намена, што може да се каже и за деталите кои вешто го поврзуваат со автомобилите на Aston Martin. Без нималку невкус гордо носи кожа, карбон, алуминиум, па и малку титан, на што е додадена препознатливата нијанса на зелена боја.
Во производство кое се одвива во фабриката на Brough Superior во Тулуз, Франција, ќе се најде при крајот на идната година. Ќе бидат направени само 100 примероци, по цена од 108.000 евра.