Нови патарини, нов начин на наплата
Објавено на 29 ноември 2019 година
Од недела, 1 декември, од 7 часот наутро во Србија започнува наплатата на патарината на новиот автопат од Ниш до бугарската граница. Она што пак е позначајно за нас е дека со вклучувањето на оваа делница во системот, до Белград ќе плаќаме патарина на само едно место. Имено, според јавното претпријатие задолжено за патиштата во Србија, целиот автопат од коридорот 10 се интегрира во еден затворен систем меѓу Белград и Прешево на југ и Димитровград на исток, а двете наплатни рампи пред и после Ниш ќе престанат со работа, односно рампите на нив ќе бидат подигнати. Патарината од македонската граница до главниот град на Србија ќе изнесува 1.460 динари за автомобил, на половина од тоа за мотоцикл, но и три односно шест пати повеќе за помалите камиони односно влекачите и автобусите.