Сега како електричен автомобил со цена помала од 20.000 €
После експериментот со Daimler од кој Twingo излезе со мотор поставен назад, малиот француски автомобил ќе се врати на сцената во 2026 година со електричен погон
Групата Renault на својата прес конференција на која го објави лансирањето на новата марка Ampere задолжена за развој на идните електрични возила, го откри и новиот Twingo кој во ретро издание верно на оригиналот ќе се врати на пазарот во 2026 година. Честа да го стори тоа ја имаше лично Лука де Мео, кој своевремено во Fiat беше задолжен за успешната реинкарнација на легендарниот 500. Меѓу другото, тој соопшти дека идниот Twingo кој ќе биде електричен ќе се продава за помалку од 20.000 евра, цена која дополнително би се намалила со државните субвенции. А Twingo за разлика од Dacia Spring би требало да ги добие бидејќи ќе се произведува во Словенија.
Новиот модел ќе го задржи концептот на градски автомобил од најнискиот сегмент од кој скоро сите други избегаа. Со изглед кој буди носталгични емоции, нема сомнеж дека повторно ќе ги освои срцата на многумина. Од Renault ветуваат и дека електричниот Twingo кој ќе има автономија од 400 километри нема да троши повеќе од 10 киловат-часа струја на 100 километри, што во овој момент е нереални ниска вредност. Заради тоа сигурно ќе има мал батериски пакет, кој пак е предуслов за задржување на цената на споменатото ниво.
Покрај Twingo, најавено е дека понудата на електрични модели на Renault ќе се состои уште од шест автомобили – Megane e-Tech кој е лансиран лани, Scenic e-Tech и Renault 5 кои ги очекуваме на почетокот на 2024-тата, Renault 4 една година после тоа и уште два другимодела планирани за во иднина.