Се појавија Citroen C4 и e-C4
Citroen не издржа – иако премиерата му е најавена за 30-ти овој месец, денес ги објави првите детали за новиот C4 и неговата електрична варијанта e-C4
Објавено на 16 јуни 2020 година
Пред неколку години исфрлен од гамата и како алтернатива заменет со C4 Cactus, Citroen сепак имаше потреба од засилување на позициите во Ц-сегментот со класичен хечбек, но овојпат со поекстремен дизајнерски пристап. Фотографиите ќе го опишат како изгледа илјада пати подобро од зборовите, а видеото илјада пати подобро од фотографиите. Но за жал освен ова што го покажува од напред видео барем засега нема, исто како што нема ниту технички детали – се знае само дека купувачите на новиот C4 ќе имаат избор меѓу струја, бензин и дизел.
Видео



