Различен од сé друго
Новиот ProCeed веќе е достапен во продажната мрежа на Киа Моторс Македонија
Објавено на 21 август 2019 година
Откако со својот возбудлив дух и вистинските перформанси ги разбуричка чувствата, новиот shooting brake модел Kia ProCeed храбро тргна да го предизвика и македонскиот пазар. Смелоста со која го прави тоа остава траен впечаток кој во целост ќе ги смени мислењата на сите оние што досега се колебаа околу имиџот на марката. Препознатливоста на купеовски спуштениот заден дел е дополнета со силно изразени стилски детали и спортски карактеристики, кои може вистински да се почувствуваат во неговата GT верзија опремена со 1,6 литарски T-GDi мотор со здрави 204 коњски сили. Со сличен изглед но поскромни мотори (1.0 и 1.4 T-GDi со 120 и 140 KS како и дизелската 1.6 CRDi со 136 коњи) настапува и GT Line верзијата. Заеднички им се новите линии на иновативната каросериска изведба која настапува како замена за спортски настроениот хечбек со 3 врати. На нејзината модерна купеовска елеганција е додадена и практичната префинетост на спортски караван, со која овој трет каросериски модел во семејството на Ceed ги тестира правилата на просторот наспроти разновидноста и ја предизвикува перцепцијата на перформансите.
Динамичната линија на покривот со елегантните контури околу цврстата извајана каросерија дизајнирана за да му го даде на овој модел спортскиот карактер е заокружена со 18-инчните тркала, уникатните предни и задни ЛЕД светла во вид на коцка мраз, двослојниот заден браник и двете издувни цевки кои го потврдуваат спортскиот изглед на новиот ProCeed кој претставува уживање да се гледа, но и да се слуша. Не се изоставени ниту украсните елементи како што се спортските странични детали во впечатливата црвена боја, црната предна решетка налик на нос од тигар, предниот и задниот браник и други работи кои ја потенцираат надворешноста. Внатрешноста пак е потенцирана со 594-те литри багажен простор со прегради во дното, комбинирани држачи за багажот и паметната задна врата. Кабината му пркоси на конвенционалното и ги промовира принципите на впечатливиот дизајн и спортскиот стил. Возбудата на префинетоста се истакнати со долгиот список сериска опрема, со која покрај перформансите и изгледот се оправдува и цената од 24.990 евра за основната верзија.