Глобален пад од 39 отсто
Објавените резултати од продажбата на нови автомобили бележат најголем пад во светот откако се собираат овие податоци
Објавено на 9 мај 2020 година
Со грдни маки, аналитичката куќа Jato Dynamics успеа да ги собере податоците за глобалната продажба на нови автомобили во март. А за нив друг збор освен дека се катастрофални не постои, бидејќи процентот на намалување од 39 отсто е најголем откако се собираат овие податоци. Американскиот пад е ист како глобалниот, а Кина започна да се опоравува и стигна до минус 25 отсто. Најлошо се разбира помина Европа, каде минусот стигна до 52 отсто. Подеталниот поглед ќе открие дека само во Исланд, Финска и Латвија продажбата е задржана на исто ниво, а Шведска е единствена земја која има едноцифрено намалување. Најпогодени се Италија, Франција и Шпанија, каде продажбата на нови автомобили се намали за меѓу 69 и 86 отсто.
Гледано по производители со забележаното намалување од само 13 отсто Porsche претрпе најмала штета, а после него се Lexus и Kia со 33 односно 34 отсто помала продажба. Според сегментите најпогодени се малите и повеќе наменските возила, додека учеството на електричните автомобили на пазарот се зголеми на цели 17 отсто. Импресивни резултати покажаа сите, најмногу Tesla Model 3 кој во март стана втор најдобро продаван автомобил на европскиот пазар. Се разбира, на тронот недостижен за другите се наоѓа Volkswagen Golf.


