Пристигнува Golf осум » Во продажба можеби веќе годинава

Во продажба можеби веќе годинава

Објавено на 30 август 2019 година

Со кратко соопштение, Volkswagen најави дека се ближи крајот на тестирањата на новиот Golf. Опишувајќи го најпродаваниот европски автомобил како дигитален, интелигентен и поврзан, Германците ја најавија неговата премиера за наесен, додека познавачите на пазарот ја дополнија информацијата со можен почеток на продажбата веќе годинава. Веста е илустрирана со оваа фотографија на маскиран прототип, а се споменува и електрификација. Детали за било што сепак изостануваат – ќе почекаме уште малку, најверојатно до октомври.

Volkswagen досега има продадено повеќе 35 милиони примероци од сите генерации на Golf. Неофицијално се споменува и дека претсериското производство на новиот Golf е започнато уште во јуни.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER