Први фотографии од новиот адут на Volkswagen

Top News Новитети Поглед во иднината

Први фотографии од новиот адут на Volkswagen

Објавено на 20 октомври 2019 година

Додека VW мисли и се премислува дали новата фабрика да биде во Турција или пак како алтернатива да ги разгледа новите понуди на Бугарија и Романија, без знаење на одговорните и на голема радост на јавноста се појавија првите фотографии на нивниот нов адут од компактната класа, бестселерот Golf од осмата генерација. Кришум направени, на една од нив јасно се гледа изгледот на новиот Golf, барем однапред. Втората пак ја покажува внатрешноста во која и покрај малата големина на фотографијата се забележува иновативниот кокпит на кој во Volkswagen се многу горди. Детали за моделот секако сé уште нема – иако многу работи се познати од порано за нив ќе пoчекаме до четврток кога официјално ќе биде претставен.

клучни зборови: ,