Познати финалистите на изборот за светски автомобил на годината

Top News Занимливости Новитети

Познати финалистите на изборот за светски автомобил на годината

Во големото финале нема американски новитети

Објавено на 11 февруари 2020 година

Во финалето на изборот за светски автомобил на годината влегоа возила од Европа и Азија, но не и од Америка. Да започнеме со Корејците, кои воедно можат да бидат најзадоволни бидејќи дури три нивни модели се во игра, и тоа Hyundai Sonata, Kia Soul EV и Telluride. Од Азија доаѓаат уште и два јапонски модели, и двата од Mazda – тоа се Mazda3 и CX-30. Доаѓаме до Европа, од каде во финалето влегоа по два конкуренти од Mercedes (CLA, GLB) и Volkswagen (Golf, T-Cross) и уште Range Rover Evoque. Треба да кажеме и дека Kia Soul EV и VW T-Cross се во изборот во класата градски модели, заедно со Mini Cooper SE, Peugeot 208 и Renault Clio. Најдобриот луксузен автомобил ќе биде германски бидејќи во конкуренција влегоа BMW X5 и X7, Mercedes EQC, Porsche 911 и Taycan. Меѓу спортистите за титулата Performance Car ќе се натпреваруваат BMW M8, Porsche 718 Spyder/Cayman GT4, 911, Taycan и Toyota GR Supra. Конечно, за дизајнерската награда на листата се Alpine 110S, Mazda3, CX-30, Peugeot 208 и Porsche Taycan.

Жирито сочинето од 86 автомобилски новинари победниците на изборот ќе ги прогласи на салонот во Њујорк во април, откако уште еднаш ќе ја скрати оваа листа на претстојниот салон во Женева.