Нов вид уметност » Lexus тетовираше автомобил (со видео)

Top News Видео Занимливости

Lexus тетовираше автомобил

Не се работи за помодарство, туку за оддавање почит на традиционалната јапонска уметност

Објавено на 20 март 2020 година

Размислувајќи неконвенционално, Lexus тетовираше автомобил. Задачата да го створи ова единствено уметничко дело и припадна на водечката лондонска уметничка за тетовирање Клаудија Де Сабе. Користејќи специјална дупчалка наместо фина игла, таа на белиот автомобил од моделот UX нацрта воодушевувачка слика на посебен вид крап наречен кои, кој како мотив е познат од традиционална јапонска уметност и е симбол на добрата среќа и упорноста. Иако за прв пат работи на метал а не на човечка кожа, таа покажа голема вештина во техниката. Работејќи со исклучителна прецизност, таа откако го симна површинскиот слој директно го обработи металот под него. За основата се искористени пет литри висококвалитетна автомобилска боја, а деталите се истакнати со листови злато кои им дадоа уникатен тридимензионален ефект. На крај сето тоа е покриено  со слој заштитен лак. За целиот процес и требаа шест месеци работа.

Оваа интерпретација на компактниот кросовер на Lexus нема цена, а хонорарот на Клаудија изнесуваше 120.000 фунти.

Видео

клучни зборови: ,