Новиот Peugeot 308 во спортската верзија може да има 308 KS

Top News Занимливости Поглед во иднината

Новиот Peugeot 308 во спортската верзија може да има 308 KS

Поточно, се споменуваат над 300, ама 308 би била вистинската бројка, нели?!

Објавено на 5 мај 2020 година

На Peugeot 308 време му е за замена, седум години е стар. И ќе биде идната година, но сé уште виси судбината на спортските верзии. Ќе ги има сигурно, ама какви, засега не се знае. Претходните кулоарски муабети велеа дека GT ознаката ќе исчезне од овој модел, ама најновите дека ќе крие 308 коњски сили. Поточно, се споменуваат над 300, ама 308 би била вистинската бројка, нели?! А таа би се постигнала со плаг-ин хибриден погон чија основа би бил 1,6 литарски бензинец. Со додавање на втор електромотор кој би ги задвижувал задните тркала, тој би бил помоќна верзија на основниот хибрид кој сигурно ќе се појави. Ентузијастите секако навиваат и овој 308 со 308 коњи да стане реалност, но тоа не зависи само од нивните желби. Реални шанси за тоа сепак постојат благодарение на форсирањето на PSE (Peugeot Sport Engineered) одделението, чиј прв производ, високоперформансиот 508, треба да се појави есенва. Ако биде успешен, тој ќе го отвори патот и за други модели, меѓу кои сигурно ќе биде и 308. Значајно е и тоа што успехот нема да се оценува по продажбата, туку според репутацијата кои тие би ја донеле на марката.

П.С. Сликата што ја гледате нема никаква врска со Peugeot и/или изгледот на идниот 308 – таа е само една успешна дизајнерска екскурзија на некој кој очигледно е талентиран за фотошопирање.

 

клучни зборови: ,