Новата Opel Mokka подготвена за првите тест-километри

Top News Новитети Поглед во иднината

Новата Opel Mokka подготвена за првите тест-километри

Електричниот погон ставен во функција – идната генерација на Opel Mokka е подготвена за тестирањата

Објавено на 22 април 2020 година

Новата Opel Mokka која ќе биде достапнa како целосно електрично возило од самиот почеток на продажбата е сè уште целосно камуфлирана но и подготвена за тестирање. Исто и инженерите на Opel кои ќе имаат задача да ја потврдат дека нејзината електрична технологија пред претставувањето на пазарот. А за тоа немаат многу време – производството на втората генерација на Mokka ќе започне во четвртиот квартал годинава. Првите автомобили ќе бидат електрични и треба да пристигнат кај клиентите во почетокот на 2021 година. Тест-автомобилите навестуваат кој е зад камуфлажата: големо жолто К на зелено-црните крила на тест возилата – К како во Mokka. Новата генерација ja издава додатокот X во името – како и првата најпродавана генерација на своето деби во 2012 година. Тогаш Mokka импресионираше со своите компактни димензии и цврстиот изглед. Новиот модел е исто така мал и стабилен, но на многу попрогресивен и модерен начин – дури и поприлагоден на возењето во градот, дури и поелегантен за да остави голем впечаток. Екстра ефикасно, јасен и смел и секако електричен, уште од почетокот на продажбата. Клиентите можат да уживаат во возбудливата чисто-батериска верзија, но исто така ќе биде достапна и со мотори со внатрешно согорување.

Иако сè уште камуфлирана, новата Mokka веќе ги покажува своите јасни пропорции со кратки предни и задни издадени делови – целосно усогласени со понатамошната развиена филозофија за дизајн на Opel. Следната генерација Mokka го комбинира германскиот инженеринг со јасен, „детоксиран“ дизајнeрски јазик. Покрај тоа, возачите и патниците ќе можат да уживаат во целосно дигитализиран ентериер. Дизајнерите на Opel посветуваа големо внимание на намалувањето на основните работи. Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер вели: „Две и пол години многу внимателно го следам развојот на новата Mokka и сум горд на овoj нов Opel, што ќе биде електричен од самиот почеток! Можам да ветам дека новата Mokka ќе биде еден од највозбудливите автомобили во нашата долга историја! Оваа втора генерација покажува сè што Opel се залага денес и во иднина тоа ќе ја промени перцепцијата за нашиот бренд. Нашите инженери сè уште имаат важна работа, но јас очекувам наскоро да ја претставам новата Mokka“.

 

клучни зборови: ,