Марк Вебер го провози електричниот Porsche Taycan (видео)
Поранешниот F1 возач им ја претстави на Британците најновата електрична лимузина на Porsche
Објавено на 9 јули 2019 година
Конструиран да покаже што електричните агрегати можат, Porsche Taycan е најновата ѕверка од Цуфенхаузен која допрва треба да се истражува. Има електросистем од 800 волти со батерија од 90 kWh и максимални 600 коњски сили, кои му овозможуваат 100 километри на час да постигне за 3.5 секунди. Еден од првите кој се запозна што сé може Porsche Taycan беше поранешниот возач на формула 1 Марк Вебер, кој после возењето во Гудвуд излезе од него со голема насмевка. „Силината на Taycan е импресивна. Навистина е неверојатно еден патнички автомобил да има вакво забрзување и вака да се однесува во свиоци. Навистина се чувствував како да сум во кокпит на автомобил од иднината“, рече тој додека објаснуваше како помина возењето кое можете да го проследите на видеото.
Porsche официјално ќе го претстави Taycan во септември, а ќе го лансира на пазарот пред крајот на годинава.
Видео