Македонија ќе го даночи пикапот на Елон Маск, Tesla Cybertruck
Објавено на 11 декември 2019 година
Не знаеме како Елон Маск ќе реагира кога ќе слушне дека неговото ново чедо, електричниот пикап Tesla Cybertruck, ќе биде оданочуван во Македонија. Имено, според новите законски решенија данок на моторни возила ќе се плаќа за патнички автомобили и останати моторни возила за превоз на лица вклучувајќи ги и комбинираните, потоа за хибридни возила, мотоцикли, скутери, пикапи, трицикли и четирицикли. Од плаќањето ќе бидат ослободени, односно не се предмет на оданочување патничките возила, мотоциклите, скутерите, трициклите и четирициклите кои се опремени само со електричен мотор за погон, но не и пикапите – нив едноставно ги нема наведено во списокот еколошки погодни возила кои заслужуваат ослободување од данокот како и другите. Причината може да претпоставуваме која е, но ќе оставиме законодавецот да ја каже.