Лудо, полудо… » Mini со Maserati V8 мотор (со видео)

Видео Занимливости

Mini со Maserati V8 мотор

Лудовик Лазарет многу пати досега ги има покажано своите луди креации, кои рака на срце поминаа незабележани од страна на љубителите на тјунинг преработките

Објавено на 30 март 2020 година

Негова последна креација сепак може и да има друга судбина, бидејќи се работи за возилце со изглед како од цртан филм и суперспособности. За основа е земен Mini Moke во верзијата со помало меѓуоскино растојание, на кој му е вграден Maserati 4,7 литарски мотор V8 кој наводно случајно се нашол при рака. Веќе самото ова покажува во која насока ќе се реализира останатото, кое е заокружено со 460-те италијански коњски сили и тежината од само 850 килограм. Со тоа станува јасно зошто Lazareth Mini Moke V8 е прилично жив и експлозивно реагира и на најнежните допири на педалата за гас.

Видео