Кршејќи го Rimac C_Two – Пет пати! (видео)
Вака изгледа кога ќе се искршат 2 милиона евра
Објавено на 26 септември 2019 година
Пред некое време започна фазата на тестирање на безбедноста на хрватскиот суперавтомобил Rimac C_Two, неопходни во процесот за добивање хомологација. Дел од неа се и краш-тестовите, кои воопшто не се евтини, посебно за мала компанија како што е Rimac и за скап автомобил како што е електричниот C_Two. Како сето тоа изгледа, можете да погледнете во објавеното видео. Rimac C_Two е планиран идната година да стане сериски производ.
Видео