Како Кина го победува коронавирусот
Објавено на 25 март 2020 година
Војната сé уште трае, но бројките кажуваат сé – Кина ги добива битките на сите фронтови против коронавирусот. Формулата не е тајна – дисциплина на сите нивоа на општеството и способност за брзо прилагодување кон новите услови. Конкретен пример за тоа доаѓа од Geely, кој уште од самиот почеток на епидемијата таму сосема сериозно ги сфати опасностите од неа. Изнаоѓајќи начини како да се спречи нејзиното ширење и врз основа на препораките да се избегнува секаков контакт меѓу луѓето, својот најнов модел Icon го претстави преку интернет, а на истиот начин ја организираа и неговата продажба. Сето ова вроди со плод – уште во претпродажбата Geely доби 30.000 нарачки за него. Но, тоа не е сé – испораката на возилата ќе се врши исто така без контакт со купувачите, со нивна достава на домашната адреса. Приказната се заокружува со предавањето на клучевите, што се врши со помош на дрон. Секако, возилото претходно целосно е дезинфицирано а опремено е и со вентилациски систем кој има N95 сертификат и блокира најмалку 95% честички од 0,3 микрони. Сето ова го привлече вниманието на 110.000 купувачи кои изразија интерес за ваква испорака на својот нов автомобил.
Видео