И Грција со субвенции за електричните возила

Top News Вести Занимливости

И Грција со субвенции за електричните возила

Објавено на 9 јуни 2020 година

Грција ќе им понуди и до 10.000 евра субвенции на купувачите на електрични возила. Според планот на владата цел е до 2030 година на патиштата да сообраќаат 30 отсто електрични автомобили, кои во наредните 18 месеци ќе бидат субвенционирани со 25% од цената, а ќе бидат субвенционирани и електричните скутери и велосипеди. Во Грција во моментов има само околу илјада електромобили, односно 0,3% од вкупниот број возила. Вкупниот пакет тежи 100 милиони евра, а се очекува бенефициите да ги искористат околу 14.000 купувачи на електрични автомобили.