Известување од Volvo Македонија » Тековна состојба за Covid-19

Top News Вести

Тековна состојба за Covid-19

Објавено на 26 март 2020 година

Во согласност со состојбата во врска со епидемијата на вирусот Корона, Volvo Македонија ги известува своите клиенти дека го ограничи работењето на своите центри во согласност со одлуката на владата да затвори дејности што не се неопходно потребни. Работното време е скратено, но услугите продолжуваат да се извршуваат, при што се разбира, на прво место е здравјето на вработените и клиентите. Како резултат на тоа многу вработени во Volvo Македонија работат од дома, што значи дека нарачките и консултациите може да траат малку подолго отколку обично, заради што од клиентите љубезно се бара разбирање и трпеливост. Ако не можете да ги добиете на телефон, испратете им и-мејл на info@vcag.net и тие ќе ви одговорат што е можно поскоро. Исто така иако деновиве повеќето од нив се дома, ќе ви бидат достапни за сите ваши прашања во врска со возилата Volvo. Во случај на посета на сервисот можете да очекувате дека се преземени сите превентивни мерки во согласност со препораките за да се спречи ширењето на вирусот. Тие искрено ве замолуваат да не ги обвинувате ако не се поздрават со вас или ако во просторијата ќе има повеќе вработени кои редовно ги дезинфицираат сите површини.

За да се олесни сета процедура, од Volvo Македонија ве замолуваат да им закажете посета на нивните центри, кои сега имаат работно време од понеделник до петок од 8 до 16 часот. Иста така ви порачуваат дека редовно се следи состојбата во земјата и светот и дека ќе се прилагодат на владините мерки и препораки. Засега сè уште ве покануваат да ги донесете вашите возила за поправка или редовна услуга и ветуваат дека ќе сторат сè за да се задржи вашата мобилност непречена.

 

клучни зборови: