Електричниот Fisker Ocean и официјално
Објавено на 6 јануари 2020 година
После многу најави и долго очекување, Fisker Ocean конечно и официјално е претставен. Првото свое јавно појавување ќе го има на саемот на потрошувачка електроника ЦЕС во Лас Вегас веќе утре, каде пошироката јавност ќе може да види што за својата цена од 37.499 долари (29.999 со субвенции) нуди овој електричен SUV кој располага со литиум-јонски батерии од 80 kWh и автономија од 300 милји (480 km). Во соопштението за јавност на американскиот производител се наведува дека тие 80% од капацитетот ќе повратат после 30-минутно полнење и дека двата електромотора и погонот на сите четири тркала ќе го забрзаат од 0 до 60 милји на час (96 km/h) за само 2,9 секунди. Должината му изнесува 4,64 метри, што е за десетина сантиметри помалку од Tesla Model Y. Има внатрешност најпространа во класата, голем екран чувствителен на допир, дигитална инструмент табла, head-up дисплеј и два безжични полначи за мобилен телефон. Ќе биде достапен и со опционални тркала од 22 инчи, соларни панели на покривот и автономни можности. Продажбата ќе му започне во втората половина од 2021 година.
Видео