Доделени AutoBest наградите

AutoBest Top News Фото фото галерии

Доделени AutoBest наградите

Германскиот Мајнц беше домаќин на годинешното свечено доделување на наградите од најголемото независно европско автомобилско жири

Објавено на 15 февруари 2020 година

Предјубилејната 19-та по ред гала церемонија за врачување на годишните награди на најголемото независно европско автомобилско жири AutoBest кое опфаќа 31 земја меѓу кои и Македонија, помина во иновативен стил со два анимирани лика – Miss A & Mr B. Тие во улога на водители приредија настан во кој уживаа бројните гости од автомобилската индустрија и секако добитниците на наградите:

  • AutoBest 2020 – Opel Corsa
  • CompanyBest – Geely Auto Group
  • ManBest – Михаел Лохшелер, Opel
  • SmartBest – Laura системот на Škoda
  • DesignBest – Лук Донкерволке, Hyundai Kia
  • TechnoBest – Mazda Skyactiv X
  • AutoBest Hall of Fame – Жан Тот, FIA
  • EcoBest – Volkswagen ID.3
  • SportBest – постхумно на Ники Лауда
  • SafetyBest – Jaguar Land Rover за ClearSight Rear View Mirror и ClearSight Ground View Technologies

Ова е фото галеријата од гала настанот, а видео рапортот ќе можете да го погледнете во нашата следна емисија која се емитува секоја сабота во 12:15 на ТВ Телма и во 17:15 часот на Алсат-М.

 

клучни зборови: