Дали сме подготвени за електричната револуција?

Дали сме подготвени за електричната револуција?

Во наредните пет години ќе бидат претставени меѓу 80 и 100 нови електрични возила, најмногу во поскапите сегменти
Објавено на 2 јануари 2019 година

Долго време се зборува за нив, но дури сега во 2019-тата година електричните возила здраво ќе зачекорат во нашето живеење – сé досега може да се смета за подготовка за она вистинското. Предводници ќе бидат поскапите модели, бидејќи купувањето вакви возила сé уште е сериозен финансиски предизвик. Тоа го сфатија сите европски премиум производители, но првиот чекор напред во оваа област го направи Jaguar со моделот I-Pace кој ја освои EcoBest 2018 наградата. Во освојувањето на пазарот нему наскоро ќе му се придружи и Audi е-Tron. Неговото производство веќе е започнато во фабриката во Брисел, чии работници поминаа повеќе од 200.000 часа тренинг за подобро да бидат подготвени за него. Двата електромотора со вкупно 408 коњски сили ќе го забрзаат до сто на час за 5,7 секунди, а максималната брзина електронски му е ограничена на 200 километри на час. Овој спортски кросовер е замислен да биде соодветен за секојдневна употреба според димензиите, пространоста и едноставноста за користење. Со едно полнење на батериите може да помине повеќе од 400 километри.

Кратко време пред него и Mercedes го претстави својот електричен адут во класата спортско корисни возила, моделот EQC. Направен е на платформа посебно развиена за електрични возила, со ангажман на два електромотора со 407 коњски сили. Опремен е со пакет батерии од 80 киловат-часа, кои се очекува да му дадат автономија од 450 километри. Производството ќе му започне идната година во Германија и Кина, а цените сé уште се кријат. Mercedes има предвидено лансирање на вкупно девет електрични модели, но во своите планови марката со трикрака ѕвезда отиде чекор понапред и започна со производство на GLC со погон на водород. Тој струјата место од голем пакет тешки батерии ја добиваат од системот горивни ќелии, при што место издувни гасови се добива чиста вода. Водородот сместен во карбонските резервоари под притисок од 700 бари ќе му овозможи автономија од 430 километри. Притоа значајно е да се напомене дека за нивно полнење се потребни само три минути.

Најзначајниот новитет на ова поле сепак допрва се очекува – Volkswagen ќе ја лансира својата електрична I.D. гама. Првиот модел ќе биде хечбек за кој се верува дека ќе го носи името Neo. Иако неговиот концепт беше претставен одамна, за него сé уште малку се знае. Како основа ќе биде искористена нова платформа специјално конструирана за електричните возила. Електромоторот би требало да биде поставен назад и да ги задвижува задните тркала, а ќе постои и верзија со 4×4 погон. Купувачите ќе можат да бираат меѓу неколку пакета батерии, со кои ќе добијат автономија меѓу 320 и 550 километри. Се очекува цената да му изнесува како подобро опремен Golf со дизел мотор. После него ќе следат кросовер, комби и најверојатно седан и уште еден поголем кросовер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER