Грешка што ќе ја чини Toyota 350 милиони долари

И Јапонците грешат…

Заради компјутерска грешка, Toyota мораше да прекине со работа на еден ден

Една грешка, еден ден принуден одмор за машините и работниците – Toyota беше принудена да ја запре работата на сите 14 свои 14 фабрики во Јапонија, бидејќи, како што кажа нивниот  портпарол, заради баг во системот не можеле да се испорачаат, поточно нарачаат потребните делови. Точната причина за настанувањето на проблемот не е објавена, но сé се сведува на проблем предизвикан од ажурирање на софтверот. Зајадливите ќе кажат (и ќе имаат право) дека тоа е ризик што го носи системот на производство Just-In-Time според кој потребните делови не се чуваат во магацин туку се испорачуваат директно на монтажната лента точно кога ќе треба да се монтираат.

Се проценува дека овој пропуст ќе ја чини Toyota 350 милиони долари како загубено еднодневно производство на возила, пресметано врз основа на просечната глобална продажна цена по единица.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER