Полначи на секои 60 km

Европа се мобилизира за електрификацијата

Советот на Европа донесе одлука со која ќе се забрза електрификацијата

Европските законодавци следејќи ги заложбите за електрификација, донесоа одлука со која во Унијата на секои 60 километри долж главните коридори на трансевропската сообраќајна мрежа од 2025 година мора да има полначи за автомобили од најмалку 150 kW. Со одлуката се опфатени и товарните возила на кои на секои  60 км од основната и на секои 100 км од целокупната трансевропска сообраќајна мрежа мора да им се обезбедат полначи со моќност од 350 kW.

Направен е и исчекор за водородните возила кои ќе добијат станици за полнење на секои 200 километри од основната трансевропска сообраќајна мрежа но дури од 2030 година. Со одлуката се обврзуваат операторите да им овозможат на возачите едноставно плаќање со кредитни картички без потреба за претплата, со транспарентни цени, како и преку електронски пат да им обезбедат целосни информации за достапноста, времето на чекање или цените на станиците за полнење.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER