Буба број 21.529.464
Денешниот ден пред точно 20 години беше исполнет со тага
Препознатлива и популарна низ целиот свет, Бубата на Volkswagen отиде во пензија после 65 години и 21.529.464 произведени примероци. Испраќањето се случи на 30 јули 2003-тата во фабриката во Мексико, каде започна да се произведува во 1961 година. Нејзината приказна започна во 1934 година, кога по налог на германските национал-социјалистички власти Фердинанд Порше започна со развој на народен автомобил. Првите примероци беа претставени во 1938 година, но втората светска војна го замрзна производството. Во 1945 година окупациони сили решија да ја демонтираат фабриката и да ги испратат машините во Велика Британија, но ниту еден производител не беше заинтересиран за малиот бучен и грд автомобил. Така Буба преживеа и во наредните децении стана светски препознатлив симбол. Во 1972-рата стана најпродаван автомобил на сите времиња, а шест години потоа престана да се произведува во Германија, но продолжи да живее во Бразил и Мексико. Покрај овие три земји, Буба се произведуваше уште во 18 други држави.


