Дизелот поевтини

Дизелот поевтини

Но не и бензините!

Објавено на 20 јануари 2020 година

Имајќи ги обзир према маките на граѓаните, регулаторната комисија за енергетика одлучи дизелот да поевтини. Така, со најновата нивна одлука која стапува на сила од ноќеска на полноќ, тие ќе можат да вратат дел од новиот данок за возилата чија еколошка компонента како што знаеме е двојно повисока од онаа што ја плаќаат купувачите на бензински автомобили. Колку време ќе треба за тоа нека си пресмета секој сам – заштедата што ќе ја остварат е 1,50 денари по литар, така што на бензинска пумпа ќе мора да платат по 61 денар. Да потсетиме, во новата година влеговме со цена на дизелот од 63 денари. Цените на бензините остануваат исти – оној од 95 октани и понатаму ќе се продава за 68, а поквалитетниот 98-октански за 70 денари за литар. Според образложението на регулаторната комисија, до овие бројки е дојдено по намалувањето на берзанските цени на нафтените деривати кај бензинот за 0,56% а кај дизелот за 4,79%. Поскапувањето на доларот за 0,043% немаше никакво влијание врз пресметката по која се формирани цените на горивата кај нас.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER