Автономните возила ќе возат до 130 km/h

Вештачката интелигенција во шеста брзина

Меѓународниот стручен панел на економската комисија на Обединетите нации за Европа UNECE во Женева се согласи да ја зголеми максималната дозволена брзина за автономните возила. Според нивната одлука тие место досегашните 60 km/h во некои ситуации ќе можат да се движат со 130 километри на час, а ќе им биде дозволено и да менуваат лента. Предлогот кој го потврди и светскиот форум за ускладување на прописите за возилата ќе стапи на сила после отприлика шест месеци и ќе важи во повеќе од 50 земји ширум светот, вклучувајќи ги и членките на Европската унија. Соединетите Американски Држави, Кина и некои други земји ги имаат регулирано правилата за автономното возење според сопствени стандарди.

Движењето на автономните возила сепак ќе остане ограничено во одредени ситуации, на пример во сообраќајни метежи. Исто така во тунели или на голомразица која автомобилите автоматски ја откриваат со помош на камерите и сензорите, возачите се предупредуваат да ја презедат контролата над возилото и автономното возење се исклучува. Технологијата на автономното возење уште долго време нема да значи едноставно да се влезе во возилото и сé да се препушти на компјутерот, дури и тој навистина целосно да е способен за тоа. Меѓутоа, индустријата и стручните тела на Обединетите нации работат и на ваква можност.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER