Зошто БЕВ се поопасни за пешаците?

Според едно истражување од Велика Британија, електричните возила се поопасни за пешаците

Шансите електрично отколку возило со мотор со внатрешно согорување да удри пешак се два пати поголеми, а во урбаните средини и три пати. Податоците на кои е заснована студијата се малку стари, но користена е доста комплексна шема за нивно анализирање која дава доза веројатност во нивната вистинитост.

Се базираат на дури пет илјади милијарди километри поминати од возилата на британските патишта и на скоро сто илјади сообраќајни несреќи со пешаци. Најлогичното објаснување за заклучоците од студијата лежи во тоа што електричните возила се движат тивко без бучава посебно при тргнување, заради што пешаците не можат да ги слушнат и често невнимателно исчекоруваат пред нив.

Второ објаснување кое држи е дека електричните возила се далеку помоќни и поенергично забрзуваат, а во истовреме се потешки и имаат подолг пат на запирање. За да се намалат последиците изготвувачите на студијата предлагаат возилата да бидат опремени со пософистицирани системи за детекција на пешаци и автоматско запирање.

Иако сето кажано има смисла, единствена дамка остава институцијата која го има направено истражувањето – лондонската школа за хигиена и тропска медицина, која својот труд го има објавено во научното списание со назив Журнал за епидемиологија и јавно здравство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER