Cupra :: Жесток почеток на годината (со видео)

Жесток почеток на годината

Објавено на 1 февруари 2018 година

Од Шпанија стигна кратко, но јасно соопштение – Cupra станува посебен бренд задолжен за спортските модели на Seat. Со идеја да се даде нова димензија на развојот на компанијата, овој потег уште лани го најави претседателот на Seat Лука де Мео. Логото веќе е претставено, а плановите официјално ќе бидат потврдени за некоја недела. Првите автомобили од новата ера на Cupra ќе ги видиме на салонот на автомобилите во Женева. Засега не е познато кои, но најсигурен нов кандидат е Ateca. Спортската душа веќе ја има, ѝ фали само 300-коњскиот мотор од Leon. А тој во чест на новиот бренд се споменува дека ќе биде понуден во специјална изведба со дури 355 коњски сили. Ентузијастите велат дека би бил идеален предводник на новиот бренд со веќе етаблирано име. А тоа за прв пат се појави на Ibiza во 1996 година, но прашање е дали нејзината сегашна генерација ќе ја видиме во новото семејство. Тоа ќе биде замислено како возбудлива алтернатива за младите, со технички напредни решенија и скапи доработки. Новостекнатата слобода како посебен бренд примарно ќе биде искористена за засилување на сопствениот идентитет, за што поголем придонес би имале поголемите и помоќни модели.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER