Блиндирана Škoda Superb (со видео) :: За оние што имаат стекнато премногу непријатели во животот

skoda Superb video-galerii Видео видео галерии Занимливости Новитети

Блиндирана Škoda Superb

За оние што имаат стекнато премногу непријатели во животот
Објавено на 9 јули 2018 година

Согледувајќи ги реалностите што ги носи времето во кое живееме, англиската филијала на Škoda подготви уникатен модел кој однадвор изгледа како обичен Superb, но чини скоро колку најевтиното Bentley. Цената од дури 120 илјади фунти е изненадување, но и тежината на возилото за еден тон поголема од стандардниот модел. Тоа е така заради целосното блиндирање направено според стандардите кои штитат од рафална стрелба и помали експлозии. Може да вози и со продупчени пневматици, а опремена е и со посебен комуникациски систем. Како основа е земена 2.0 TDi верзијата со 190 коњски сили, која меѓу другото претрпе измени и на ослонувањето и системот за запирање. Во внатрешноста и понатаму има место за пет патници, а нечепнат е и багажникот со зафатнина од 660 литри. Оние што имаат стекнато премногу непријатели во животот за конверзија на возилото ќе чекаат четири недели, но за возврат ќе добијат тригодишна фабричка гаранција на механиката.

Во краткото прес-соопштение Англичаните наведуваат уште и дека развојот на овој модел траел цели три години.

видео

клучни зборови: , , , , , , , , , ,