YangWang U9 – Супер автомобил за народот

Кинезите сакаат да загосподарат и со супер автомобилите. Доаѓањето на U9 покажува дека се многу сериозни.

BYD ја формира марката YangWang со цел да произведува спортски ЕВ. Кога беше најавен моделот U9, некаде пред една година, многумина тоа го сметаа како дизајнерска вежба и пуста желба. Изгледа дека ѓаволот ја однесе шегата и серискиот модел е најавен со уште повеќе сила отколку што беше најавен лани. BYD ги зголеми мускулите на YangWang U9 и сега ја предизвикува Rimac Nevera & Co.

Тој е доста голем како и суперавтомобилите, се протега 4.966 мм во должина, 2029 мм во ширина и висок е само 1.295 мм. U9, исто така, има меѓуоскино растојание од 2.900 мм, што е неопходно за се смести пакетот батерии од 100 kWh, произведени од FinDreams компанија основана од BYD. Тие се неопходни да ги хранат четирите електромотори, од кои секој има 322 КС (240 kW). Квартетот произведува 1.288 КС, 118 коњи повеќе од најавените 1.100!

BYD објави дека U9 може да достигне 100 км/ч од мирување за само 2 секунди и да достигне максимална брзина од 300 км/ч. Треба да се земеме во предвид твдењето дека може да помине до 700 километри  со едно полнење според кинескиот циклус на тестирање. Можеби најинтригантната карактеристика на U9 е неговиот специјален систем за суспензија. BYD го нарекува „Disus-X систем“ и обезбедува комплексна контрола на вертикално, странично и надолжно оптеретување на каросеријата преку системи за контрола со амортизацијата и останатите варијабили што влијаат на стабилноста на каросеријата.

И доаѓаме до најважното. Покрај целата технологија што е вградена YangWang U9, тој ќе ги следи стапките на другите модели на BYD и ќе биде пристапен за народот, доколку ги земеме стандардите на суперавтомобилите. Во Кина тој ќе се продава само за 127.000 евра. Па, сега нека му ја мислат оние што продаваат ексклузивни спортски ЕВ за астрономски суми.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER