VW – Tiguan Allspace

насловна Новитети

Продолжен и со три реда седишта

Од почетокот на производството продадени се 1,5 милиони долги верзии

објавено 14. мај 2021

По темелните визуелни и технички освежувања минатата есен, Tiguan сега е засилен со адекватни зафати и во долгата верзија. Впечатлив изглед, дигитален кокпит, нови технологии и спецификација на опременост се атрибутите кои ја красат верзијата Allspace.

Со продолжување на должината за 22 милиметри добиен е внатрешен простор каде се овозможува место за трет ред седиштапогоден за семејни луѓе со активен животен стил. Токму поради тоа редизајнираниот изглед нуди мали, но значајни визуелни освежувања како што е осветлената решетка на ладилникот околу знакот и опционалните IQ.LIGHT LED светла. Volkswagen ја редизајнираше и оптимизираше матрицата на опремата за Tiguan Allspace во три верзии. Основениот пакет е наречен Life, следи Elegance во кого има бројни хромирани елементи во интериерот и на каросеријата поставена на тркала од 19 инчни.

Најпосакувана несомнено ќе биде R-Line украсена во дух на спортски автомобил каде доминираат дигиталната инструмент табла, мултифункционален спортски кожен управувач со контроли на допир и карбонски цитати во внатрешноста и седишта со функција за масажа. Сите функции за климатизација, греење и вентилација на стандардната тризонска автоматска климатизација се контролираат преку нов дигитализиран модул во централната конзола. Багажниот простор има капацитет од 760 литри со можност на зголемување до 1920 литри со соборување на задните седишта. Изведбата наменета за седум патници има помал капацитет од разбирлива причина.

Tiguan Allspace го задвижуваат три TSI и два мотори TDI кои може да се впарат со седум степен менувач со двојна спојка како и опционалниот 4MOTION погон на сите тркала. „Помош за патување“, кој сега се користи и во Tiguan Allspace, овозможува делумно автоматско возење. Во зависност од видот на менувачот, системот може да управува сосопирање и забрзување во опсегот на брзина од 0 км/ч (со DSG) или 30 км/ч (рачен менувач) до 210 км/ч. Продажбата на ревидираниот Tiguan Allspace ќе започне за неколку недели, но производителот се уште ги нема дадено цените.