Премиера : VW T-Roc

насловна Новитети

По патеката на успехот

За само четири години T-Roc надмина еден милион продадени примероци!

Трите верзии на малиот крос-овер T-Roc, иако преставени во различни години, Volkswagen заедно ги прати на фарма за убавина. Таму се подвргнати на бројни третмани со цел да бидат способни да свтрат уште едно „милионче“! Однадвор, како и обично, многу работи изгледаат познато на прв поглед. Најзабележителни иновации се сега стандардните LED фарови, затемнети задни светла, двобојна каросерија и алуминиумски тркала од 17 до 19 инчи.

 

Во внатрешноста зголемен е квалитетот на материјалите како и површините покриени со екрани. Нов е дигитален кокпит со 8-инчен TFT дисплеј во боја. Со доплата сјае и со дополнителни функции во формат од 10,25 инчи. Екраните на инфозабавниот систем се препозиционирани на контролната табла во стил на таблети. Големините на екраните на допир се движат од 6,5 инчи во основната до 8 инчи во нивоата на опрема “Style” и “R-Line”, а за врвната верзија “Discover Pro” резервиран е дисплеј од 9.2 инчи со прикази на сообраќајни знаци во реално време и владее со интуитивна гласовна контрола. Употребата на тековната генерација на модуларниот комплет за инфозабава (MIB3), исто така, овозможува онлајн и сервисни услуги на VW (WeConnect plus), пристап до услуги за стриминг и персонализација базирана на облак. Дури и безжичното поврзување со паметен телефон преку Android Auto или Apple CarPlay сега е можно со доплата.

Моторите и погоните не беа допрени што засега исклучува каква било електрификација. Така останаа во понуда еднолитрениот бензински мотор со три цилиндри  и турбо со 110 КС и двата четирицилиндрични турбаши од 1,5 литри и 150 КС и 2,0 литри и 190 КС, вториот со погон на сите тркала како стандард. Дизел моторите ги застапуваат двете дволитарски единици со 115 и 150 КС. Погонот 4Motion и 7-брзинскиот DSG менувач секогаш се вклучени во врвниот модел T-Roc R со жешки 300 коњи кој спринта до 100 км/ч за 4,9 секунди, има спортска суспензија и сопирачки со високи перформанси.

T-Roc Cabrio, од друга страна, сепак ќе мора да се задоволи најмногу со 150 КС. Покрај стандардното следење на опкружувањето со Front Assist, вклучувајќи пешаци и велосипедисти, содржи систем за одржување лента, а може да биде опремен и со Matrix LED светло и полуавтономна помош при патување. Продажбата започнува наскоро кога ќе се знаат и цените. Сега на располагање се сите верзии, осем T-Roc R кој ќе се придружи на почетокот на идната година.