VW Polo – Премиера

насловна Новитети

Помал со „големи пропорции“

Неговата кариера започна пред повеќе од 45 години во Инголштад како Audi 50…

објавено 23. април 2021

Набргу овој модел беше трансфериран да игра за Волфсбург, со децении градејќи го имиџот како Volkswagen Polo. Успеа да постигне планетарен успех со вкупно над 18 милиони произведени примероци. Иако сега претставен, неговата обновена генерација ќе започне да се продава како „нова еволутивна фаза“ од јуни. Од претходникот се разликува по дизајнот и опременоста. Димензиите речиси и не се променија. Само во должина, новото издание се зголеми малку на 4,05 метри, меѓуоскиното растојание остана исто 2,56 метри.

Предните и задните делови се редизајнирани и прилагодени на Golf, а браниците исто така добија поинаков дизајн. Фаровите сега ја внесуваат светлината со LED технологија како стандард, а „IQ Light“ LED матричните фарови сега може да се нарачаат како  дополнителна опција. При дизајнирање на Polo прифатeни се елементи од Golf 8 и Arteon. Не само од аспект на дизајнот, развoјните инженери позајмија многу елементи од поголемите модели. Ревидираното Polo може да се нарача со таканаречената IQ Drive Travel Assist кој овозможува полуавтономно возење со брзина до 210 км/ч што е премиера во овој сегмент. Стандрдно Polo се испорачува со цела низа други системи за асистенција како што е системот за следење на животната средина Frontassist со функција за сопирање во итни случаи и систем за предупредување за преминување на лента. Polo кога ќе биде лансиран ќе се нуди во четирите линии на опременост а во текот на летото ќе се појави спортската верзија GTI со 207 коњи и менувач со двојна спојка. За моторизацијата е задолжен еднолитарскиот трицилиндерски мотор со три моќности од 80, 95 и 110 коњи. Средниот по сила мотор може да се впари со седум степениот DSG кој е пак сериски во најсилната верзија. Изведбата со погон на природен гас од 90 КС  е уште во игра. Сè уште не се утврдени цените за новото Polo, но според не официјалните информации основната верзија треба да „чини помалку од 16.000 евра“.