VW ID1– Доаѓа во 2027 и ќе биде евтин БЕВ?

Томас Шефер, кормиларот на VW, изјави дека се разгледуваат четири одделни развојни проекти за електричното возило за народот

VW има за цел во 2027-мата да лансира евтин БЕВ со цена под 20.000 евра. Не е исклучена можноста VW да биде партнер со конкурентски производител на автомобили како што е Renault за да го сподели развојот. Втората опција е да се развива возилото под сопствениот покрив и да се споделат трошоците со Škoda која го најави својот градски кросовер Epiq.

Дали е ова тактизирање или вистинска смерница ќе покаже времето. На саемот за автомобили во Женева, минатиот месец, извршниот директор на Renault, Лука де Мео, изјави дека неговата компанија е во преговори со VW за партнерство за мини електричен автомобил за Европа. Renault планира да лансира нов целосно електричен Twingo веќе во 2026 година со целна цена под 20.000 евра. ID1 ќе биде замена за VW e-Up, кој беше создаден врз верзијата со мотор со согорување.

Лансирањето на ID1 би следувало една година по комерцијализацијата на сериската верзија на концептот ID2all, електрично возило со големина на Polo, чија цена би почнувала од 25.000 евра. Тоа треба да се случи во 2026 година. ID1 и ID2 се меѓу 11-те нови целосно електрични модели што марката VW ќе ги лансира до 2027 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER