Touareg ќе се врати, ама на струја

Volkswagen продолжува наново да ја пишува својата електрична иднина

Промената во номенклатурата на електричните модели на Volkswagen не била случајно токму сега направена – доста бргу откако ги претстави ID.Polo и ID.Cross се појавија вести за ID.Golf, помалиот ID.Every1 кој би можел да се вика ID.Up или ID.Lupo, електричната верзија на T-Roc и за ID.Tiguan кој ќе го замени ID.4, за приказната сега да се дополни и со ID.Touareg. Како што знаеме Volkswagen планираше идната година да го пензионира големиот кросовер без директен наследник, за да може повеќе да се фокусира на помалите модели од него, Tiguan и Tayron. Но според новите планови од 2029 година Touareg ќе продолжи да живее со електрично срце. Сосема логично, бидејќи актуелниот модел во сите три свои генерации имаше заеднички гени со Porsche Cayenne, чија електрична верзија веќе е скоро готова така што на концернот нема да му преставува никаква мака да ја преоблече под знакот на VW.

Што се однесува до другите споменати модели, ID.Polo и ID.Cross ги очекуваме идната година, ID.Every1 во 2027-мата, ID.Tiguan истата или можеби една година подоцна а ID.Golf и ID.Roc во 2029-тата или дури 2030-та година. Volkswagen вкупно има испланирано 10 нови електрични модели за лансирање. ID семејството започна да се создава 2019-тата со лансирањето на ID.3. Следеа ID.4, ID.5, ID.7 и ID.Buzz, а за во Кина уште и ID.6 и ID.Unyx кој е ребрендирана верзија на Cupra Tavascan. Сите свои електрични возила за Европа Volkswagen ги произведува во Германија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER