VW ID.Polo – Германски автомобил на годината

Откако победи во категоријата за буџетен автомобил, Volkswagen ID.Polo ја освои и титулата за германски автомобил на 2027-ма година.

Новиот електричен модел на марката триумфираше над другите финалисти кои беа победници во останатите категории – Kia PV5, Mercedes GLC, Xpeng X9 и Hyundai Ioniq 6 N. Високите оценки што му ги додели жирито кое одлучуваше според пет клучни критериуми докажаа дека и мал автомобил може да импресионира.

Според нивните коментари ID.Polo ја внесува електричната мобилност таму каде што таа може да има најголемо влијание – директно во секојдневниот живот на луѓето поставувајќи нови стандарди за оваа класа автомобили. Освојувањето на оваа награда покажува дека високиот квалитет и иновативната технологија не зависат од големината и цената на возилото. Уникатност на овој избор е што иако носи национален предзнак во него членуваат 47 специјализирани новинари освен од Германија уште од петнаесетина други држави од целиот свет.

Volkswagen го нуди ID.Polo со два пакета батерии и три различни моќности на електромоторот. Основна верзија која чини 25 илјади евра располага со 116 коњски сили и има автономија од 334 километри со едно полнење. За подоцна е предвидена и GTi изведба со 226 коњски сили. Volkswagen за ID.Polo има примени толку нарачки што на испорака се чека меѓу десет и дванаесет месеци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER